Кацин: Компромисот за Косово се уште е на дофат

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин изјави за весникот „Данас“ дека е уверен оти компромисот околу надлежноста на српските општини и „натаму е на дофат на рацете“.

Тој истакна дека премиерите на Србија Ивица Дачиќ и на Косово Хашим Тачи, покажале голема политичка храброст и одговорност во дијалогот.

Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак  изјви дека има уште неколку дена Европската комисија и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон да го финализираат извештајот кој ќе биде во согласност со општите заклучоци на Европскиот совет од декември 2012 година, што претставува можност за остварување напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина.

Лајчак за весникот „Данас“ истакна дека е најважно изнајденото решение да биде одржливо, функционално и да перспективно за подобар живот на луѓето во регионот.

Шведскиот амбасадор во Србија Кристер Асп очекува од двете страни сериозно да ја проценат ситуацијата и да постигна неопходен компромис во многу блиска иднина.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски