Кацин: Белград и Приштина ќе постигнат историски договор

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Западен Балкан Јелко Кацин изјави за агенцијата Анадолија дека преговорите меѓу Србија и Косово не западнале во ќор сокак и оти без оглед на моменталниот впечаток, можно е да се постигне многу повеќе од тоа што досега е постигнато во дијалогот.

– Длабоко сум уверен и се радувам на историскиот доовор, кој ќе биде постигнат меѓу Белград и Приштина, бидејќи тоа не е само нивни успех, туку ќе биде голем пробив и за целиот регион. Тоа ќе биде најсилната порака, која ќе мора да ги разбуди и Албанија, Босна и Херцеговина и Македенија, истакна Кацин.

Говорејќи за продолжувањето на дијалогот на 2 април Кацин потсети дека „косовската екипа на чело со Хашим Тачи на досегашните преговори во Брисел доаѓала во полн состав“.

– Тоа се премиерот со двајца заменици-премиер, косовски Албанец и косовски Србин, потпретседателот на на Владата Слободан Петровиќ. Таму беше и Едита Тахири за реализација на договореното, па и претставникот на најсилната опозициска партија. Од друга страна од Белград доаѓа само премиерот. Тоа е еден дел од предизвиците, нагласи тој.

– Втора работа се симболичните потези и пораки. Имено српската јавност се уште ја следи расправата околу заедничките српски општини и во своето видување има општини во северено Косово. Но доколку Србите во енклавата не ја прекинаа самоизолацијата и не стапија во активен однос кон својата иднина, по што врз основа на планот на Ахтисари се изборија за шест нови општини со мнозинско српско население, премиерите не би имале за што да расправаат, рече Кацин.

Тој напомена дека е мошне важен дијалогот меѓу замениците-премери Слободан Петровиќ од Косово и Александар Вучиќ од Србија, кој ќе има симболично и историско значење.

– Пораката, која секој би ја разбрал е дека Белград повеќе Србите не ги дели на подобни и помалку подобни кога е во прашање Косово. Тоа е признание дека Србите, кои се вклучени во косовските институции се дел од решението, а не проблем, додаде Кацин.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски