Кацин: Ако се постигне договор, ЕУ на 22 април ќе и препорача датум за преговори на Србија

Од:

Приштина и Белград „се трудат и бараат можен компромис“ изјави денеска известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин. Тој истакна дека е можно до крајот на оваа недела или најдоцна во понеделник наутро „да се види панделката на овој пакет и здравица за потпишување на договорот“.

– Договорот меѓу Белград и Приштина ќе има исто значење како и крајот на Студената војна за Западна Европа! Тоа е вистинско помирување меѓу Србија и Косово. Тоа би создало сосема поинаква ситуација и за косовските Срби, нагласи Кацин.

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство го усвои извештајот на Јелко Кацин за напредокот на Србија на патот кон ЕУ и и предложи на Европската комисија да и додели на земјата датум за почеток на преговорите за членство во Унијата.

– ЕП ги поддржува напорите на Србија што е можно побрзо да почне во отворање на поглавјата 23 и 24, што значи дека треба да добие датум за почеток на преговорите. Наша проценка е дека успехот на Србија и Косово ќе биде од големо значење за поширокиот регион, за сите соседи, па и за ЕУ. На крајот мораме да ја разбудиме и Македонија која веќе осум години има статус на кандидат, а се уште нема направено историски компромис, кој би и овозможил да добие датум, нагласи Кацин.

Тој појасни дека очекува в понеделник, на 22 април, сето ова да го земат предвид и министрите за надворешни работи на ЕУ. Конечниот збор за европскиот пат на Србија ќе го даде Европскиот совет на Самитот кој ќе се одржи на 28 јуни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во српскиот парламент: Шок бомби, солзавец и тепачки

Катерина Ѓуровски

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград