Јурова бара деблокирање на средствата за словенечката новинска агенција СТА

Од:

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова повторно ги повика словенечките власти да го решат прашањето за финансирање на Словенечката новинска агенција (СТА) што е можно поскоро, на која владата на Јанез Јанша од почетокот на годината го блокира исплаќањето средства за нејзината работа.

Јурова, која е задолжена за европските вредности, транспарентност и владеење на правото во Комисијата, во писмото до министерот за култура Васко Симонити наведува дека словенечкиот Врховен суд неодамна потврди дека Владата е должна да и исплати на агенцијата за нејзината работа, без разлика на компликациите околу потпишувањето на нов договор за оваа година, повикувајќи ја власта да го направи тоа итно.

– Јавните медиуми играат клучна улога во демократските општества и членките на ЕУ мора да се воздржат од какви било обиди да вршат директен или индиректен притисок врз медиумите, вклучително и со скратување на финансирањето, вели Јурова во писмото.

Иако словенечкиот буџет за оваа година издвои два милиони евра за СТА, онолку колку што треба да добие оваа година за вршење на услугата јавен информативен сервис, сегашната влада на Јанез Јанша одбива да го стори тоа, наведувајќи го наводното одбивање на раководството на агенцијата да достави документација за други извори на финансирање. Раководството на агенцијата го гледа ова како изговор и како недозволив обид да се влијае врз уредувачката политика во корист на владата.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Убиени се двајца новинари во Газа

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија