Јункер најави стратегијата за можен пристап на Србија во ЕУ

Од:

Европската комисија има намера до крајот на следната година да подготви стратегија за успешно пристапување на Србија и на Црна Гора во Европската унија до крајот на 2025 година, се наведува во писмото на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Порталот „Јуропиен вестерн Балканс“ објави дека во писмото на Јункер, што беше испратено синоќа, во еден од десетте приоритети во рамките на планот за посоединета, посилна и подемократска ЕУ, се споменуваат Србија и Црна Гора како главни кандидати од Западен Балкан за влез во Унијата.

Како главни приоритети се истакнати владеењето на правото, основните права и борбата против корупцијата, како и целокупната стабилност на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград