Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ смета дека е тешко да се замисли успешна средба со претседателот на Србија откако, како што рече, по изјавата на Томислав Николиќ дека Хрватска не сака средба со Србија.
– Тешко е да се замисли дека во атмосфера на такви изјави средба на двајца државници би била успешна. Ќе имаме средба кога ние ќе бидеме сигурни дека може да пратиме позитивна порака, изјави Јосиповиќ во емисијата на ХТВ, „Тема на денот“.
Јосиповиќ додаде дека и државата чиј претседател е „тагува поради Сребреница“ и додаде:Ние признаваме дека се работи за геноцид, а претседателот Николиќ тоа не го стори.
– Секако дека ја славиме Бура како наша победа со која е докрајчен сонот и амбициите за голема Србија, а притоа жалам за секоја невина жртва вклучувајќи ги оние срски цивили кои беа жртви на злосторство што хрватската правда мора го казни, изјави Јосиповиќ.