Јилдирим: Турција е во војна со сите терористи

Од:

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави денеска дека Турција ќе се одмазди за бомбашкиот напад врз полицискиот контролен пункт во Џизре, во кој се убиени 11 полицајци, нагласувајќи дека неговата земја започнала војна со сите терористички организации.

– Ќе ѝ го дадеме на тие грозни напаѓачи одговорот кој го заслужуваат, истакна Јилдирим на прес-конференцијата во Истанбул.

Јилдирим наведе дека ниту една терористичка организација не може да ја држи Турција заробена.

Според неговите зборови, нема сомнение дека Курдската работничка партија (ПКК) стои зад нападот со автомобил-бомба на полицискиот контролен пункт во југоисточна Турција.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат