Јилдирим: Европа без Турција може да биде „преплавена“ од мигранти

Од:

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска предупреди дека без помош на Анкара, Европа би можела да биде „поплавена“ од мигранти и нагласи дека замрзнувањето на преговорите меѓу ЕУ и Турција би можело да биде многу поштетно за Европа.

– Ние сме еден од факторите кои ја штитат Европа. Ако бегалците можат да поминат, ќе ја преплават Европа и ќе ја преземат, Турција тоа го спречува, истакна Јилдирим за турската државна телевизија (ТРТ).

Тој призна дека прекинувањето на врските со Европа би било штетно за Турција, но нагласи дека „за Европа би било пет до шестпати поштетно“.

Јилдирим претходно изјави дека резолуцијата со која се бара замрзнување на отпочнатите преговори за членство на Турција во ЕУ нема никакво значење за Анкара и ги повика лидерите на Унијата да се спротистават на резолуцијата.

– Тоа е безначајно од наш аспект. ЕУ треба да одлучи дали сака иднина со или без Турција, посочи Јилдирим.

Европскиот парламент денеска усвои резолуција за замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он