Јавниот долг на Албанија достигна 8,7 милијарди долари

Од:

Албанската Влада во првото полугодие од годинава го надмина лимитот на проектираниот вкупен долг за 2013 година, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во законот за државен буџет стои дека годишниот долг ќе биде до 28,019 милиони леки, но до првата половина од годинава Владата во Тирана ја надминала оваа бројка.

Според албанските медиуми, во полугодишниот извештај се наведува дека само надворешниот долг достигнал 3,7 милијарди долари, иако на годишно ниво беше планираното тој да достиген 140 милиони долари.

Инаку, вкупниот јавен долг на Албанија во првото полугодие од годинава достигнал 871,538 милијарди леки или околу 8,7 милијарди долари. Тоа претставува над 63 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата.

Критичната граница, на која меѓународните финансиски интитуции предупредуваа дека не треба да се надмине е 60 отсто. Споредено со истиот период лани долгот бил зголемен за 43,557 милијарди леки или околу 430 милиони долари.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка неодамна излегоа со прогноза дека БДП на Албанија оваа година се очекува да се зголеми за 1,8 отсто. Тие и препорачуваа на новата Влада да се придржува кон фискалните норми и да соработува за зачувување на финансиската стабилност во Албанија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек