„ЈАТ“ заминува со историја, доаѓа „Ер Србија“

Од:

Новото име на српската национална авиокомпанија е „Ер Србија“, досегашното име „ЈАТ“ заминува во историја, објави сајтот „Tangisix.rs“.


Надминати се сите пречки и во четврток се очекува компанијата да потпише стратешко партнерство со „Етихед“. Сајтот наведува дека компанијата од Емиратите прифатила промена на името ЈАТ во „Ер Србија“, проценувајќи ги ефектите од промената на името и дозволувајќи „ЈАТ“ да замине засекогаш во пензија.


Инвестицијата на „Етихед“ во „Ер Србија“ се очекува да изнесува околу 100 милиони долари. На почеток новата флота ќе ја сочинуваат десет А319 кои најверојатно ќе бидат од „Ер Берлин“. Во „Ер Србија“ најпрво ќе пристигнат два А319 по „wet lease“ принцип, а до октомври се очекува ушт еден авион.


Новиот бренд „Ер Србија“ визуелно се очекува да биде претставен во четврток.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија