Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Од:

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша на своите профили на социјалните мрежи се осврна на повторното воведување гранични контроли на словенечките граници, како и на мигрантската криза. „Ѓаволот ја однесе шегата. Вооружете се. Законски“, ја започна својата објава Јанша на мрежата X, поранешен Твитер.

Сите „паметни“ луѓе го разбраа повикот, додаде тој, а другите ќе му веруваат на „Голоб, Поклукар и Шарац дека се способни да ја заштитат Словенија, но и нив лично во случај на терористички напади“. Според поранешниот премиер, станува збор за државни функционери кои од јуни ги игнорираат повиците на партијата предводена од Јанша, Словенечката демократска партија (СДС). Тие бараат свикување на Советот за национална безбедност на кој ќе се разговара за мерките за борба против илегалната миграција и управување со безбедносните ризици.

Ја урнаа оградата, а сега, кога панично повторно воведуваат контрола на границата со соседите, само го пренасочуваат протокот на илегалци од патиштата кон вагоните“, напиша Јанша. Тој се осврна и на министерот за одбрана Марјан Сарач и рече дека тој го води неговиот ресор како реално шоу.

Светот се промени во последните десет години, рече Јанша. Според него, поткопани се и вредносните основи на западната цивилизација.

„Притисокот на масовната илегална миграција радикално го уништува постоечкиот начин на живот во ЕУ и ги зајакнува милитантните, протерористички јадра во европските метрополи. Некогаш безбедните и успешни градови бележат невиден пораст на криминалот. За жал, ова ја вклучува и Љубљана. Со последниот упад на палестинските терористи во Израел, уште еднаш се потврди колку е важно народот да биде добро и легално вооружен“, се вели во постот на поранешниот словенечки премиер.

Јанез Јанша својата најава ја заврши со три важни поенти.

1. Со голема веројатност може да очекуваме заострување на безбедносната состојба

2. Сегашната влас не е речиси способна за навремени проценки, подготовки и активности

3. Секој е должен да направи се што е можно во рамките на уставниот поредок за да ги заштити семејството и татковината

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја