Јанша: Состојбата со епидемијата во Словенија е сериозна, граѓаните да бидат трпеливи

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека епидемиолошката состојба со пандемијата на коронавирусот во Словенија е сериозна и ги повика жителите да бидат трпеливи, најавувајќи дека постепеното отворање по карантинот ќе биде според регионален клуч.

– Состојбата со епидемијата е сериозна и поради дружење во текот на изминатите празници, очекуваме дека бројот на новозаболени ќе се зголеми, а се уште не сме го достигнале пикот на епидемијата, рече Јанша на прес-конференција во Брдо кај Крањ

Тој најави дека во иднина, поради сериозноста на епидемиолошката состојба, словенечката Влада ќе се состанува двапати неделно, наместо еднаш.

Јанша објасни дека Владата го надополнила планот за идно олеснување на сегашните мерки и ограничувања, согласно стратегијата што ќе ја земе предвид различната состојба во одделни региони.

Според него, останува правилото дека ублажувањето на мерките може да се случи само кога на национално ниво ќе се постигне седумдневната инциденца на инфекција на 100.000 жители да падне на помалку од 1.350, а бројот на хоспитализирани на помалку од 1.200.

Според него, ова може да се случи во најдобар случај само за една недела.

Исто така, според регионалниот критериум, повеќе вакцини, кога ќе пристигнат поголеми количини, би се дистрибуирале до оние региони кои значително се издвојуваат според бројот на нови инфекции.

Јанша потсети дека Владата веќе донесе одлука во четвртокот дека сегашните ограничувачки мерки ќе останат на сила барем до 18 јануари и дека Владата ќе ја процени ситуацијата во земјата од епидемиолошка гледна точка следната среда, кога ќе објави план за вакцинација за јануари и февруари.

Словенечкиот премиер ги повика граѓаните да бидат трпеливи и да ги применуваат сите мерки и ограничувања се додека поголемите количини на вакцини не ја подобрат епидемиолошката состојба.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија