Јанша ги навреди новинарите

Од:

Тврдењата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека протестите против неговата влада ги поттикнуваат медиумите платени од капиталот на транзициската левица, кој ги испразнил словенечките банки, се навредливи и недостојни за носител на толку висока функција, оцени Словенечкото здружение на новинарите.

Јанша во видео порака, која беше емитувана пред неговите приврзаници за време на собирот на плоштадот во Љубљана, меѓу другото, истакна дека протестите против неговата влада имаат за цел да прикријат кој е виновен за дупките во билансите на словенечките банки. Тој порача и дека насилните протести имале поддршка на дел од медиумите што се платени со капиталот на транзициската левица, кој сега недостасува во државните банки. Реагирајќи на оваа изјава на премиерот, Здружението тврди дека Јанша се обидел вербално да ги понижи новинарите што се критични кон неговата влада, што е многу недостојно.

– Во државите со нормална демократска традиција новинарството е еден од механизмите за контрола на власта, а должноста на новинарите е да го откриваат она што власта сака да го прикрие, наведуваат новинарите и додаваат дека нема да дозволат да станат жртви на политика што со демагогија и барање внатрешни непријатели има намера да го сврти вниманието од вистинските проблеми.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски