Јанша: Демне есенскиот бран, да ја засилиме вакцинацијата

Од:

Словенија во моментов има само 40-на потврдени случаи на Делта-варијантата на коронавирусот, рече денеска словенечкиот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека четвртиот бран е неизбежен ако најмалку 70 проценти од населението не биде вакцинирано до крајот на летото.

– Ако не достигнеме 70 проценти, тогаш ќе имаме четврти бран и сè ќе биде затворено наесен, рече Јанша, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со состојбата на епидемијата.

Словенечкиот премиер рече дека во Словенија, но и во Европа, вакцинацијата треба значително да се зголеми, за ова лето и есента да поминат што е можно понормално.

„Ако наесен имаме тежок бран во Европа, поради Делта варијантата, тогаш за тоа ќе бидеме сами виновни. Тогаш ќе треба да се запрашаме како успеавме толку брзо да развиеме и произведеме ефикасна вакцина против Ковид-19, а не можеме да ги убедиме луѓето да се вакцинираат“, рече Јанша.

Тој изјави дека некои земји-членки на ЕУ веќе подготвуваат законски решенија за задолжителна вакцинација против Ковид-19 на некои категории население, дека некои размислуваат за задолжителна вакцинација на сите возрасни лица, некои за задолжителна вакцинација на медицинскиот персонал, на вработените во домовите за стари лица, вработените во туризмот и слично, а ќе предложат и укинување на правото за бесплатно тестирање на оние кои не сакаат да се вакцинираат.

„Иако ова засега не е предлог на Владата, Словенија ќе мора да дискутира за ваквите решенија и да донесе конечна одлука“, рече словенечкиот премиер.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он