Јанез Јанша се повлекува од активна политика

Од:

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша се повлекува од активната политика, откако ја загуби довербата на Парламентот кон крајот на минатиот месец, соопшти денеска неговата конзервативна Словенечка демократска партија (СДС).

– Претседателот на СДС Јанез Јанша во изминатите денови доби неколку покани од европски и американски институции за учество на повеќе конференции. Тој беше поканет да работи како советник на неколку влади. Очекува до крајот на годинава да објави и две книги, соопшти партијата.

Педесет и четиригодишниот Јанша денеска официјално го заврши својот втор премиерски мандат, нешто повеќе од една година откако ја презеде оваа функција. По обвинувањата за корупција и неколкунеделни протести против мерките за штедење и политичките елита во земјата, Парламентот и изгласа недоверба на неговата Влада.

Новиот словенечки премиер Аленка Братушек, чиј кабинет беше избран синоќа во Парламентот, вети заздравување на економијата, спас на банките во земјата кои се соочуваат со финансиски проблеми и избегнување на меѓународен план за спас.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски