Јанез Јанша е прогласен за виновен во аферата „Патриа“

Од:

Судот ги прогласи за виновни поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, директорот на фирмата „Ротис“ Иван Чрновиќ како и офицерот на словенечката војска Антон Крковиќ за аферата „Патриа“.

Јанша доби 2 години затвор, Чрновиќ година и седум месеци, а Крковиќ година и десет месеци затвор.

pred-sud-janez

Пред судот во Љубљана се собраа неколку стотици граѓани кои беа во исчекување на пресудата на обвинетите во случајот „Патриа“. Пред судот дојдоа и поддржувачите на Јанша, кои навиваа тој да добие ослободителна пресуда.

Судијката пресуди дека Јанша и двајцата соработници биле дел од корупциската афера во која фински произведувач на воена опрема „Патриа“ им ветиле и исплатиле незаконски провизии.

pred-sud-janez1

Со склучувањето на договорот со „Патриа“ се набавени 135 оклопни возила со вкупна вредност од 278 милиони евра, со што Јанша прифатил „ветување дека за тоа ќе му биде исплатена награда“, што во словенечкото законодавство се смета се корупциски чин.

pred-sud-janez2

Уште во текот на самиот судски процес, поранешниот премиер Јанша тврдеше дека аферата и судењето се политички мотивирани со цел да се отстрани од политиката.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски