Јахјага го покани Николиќ во посета на Косово

Од:

Шефот на Кабинетот на косовскиот претседател Атифете Јахјага, Арбер Влахиу верува дека еден од нејзините следни средби со шефот на српската држава Томислав Николиќ ќе се одржи токму во Косово, кое е домаќин на следната средба на претседателите на државите од регионот.

– Јахјага, како домаќин на овој шести по ред самит што ќе се одржи следната година, упати покана за учество и до Николиќ, изјави Влахиу за денешниот број на српскиот весник „Данас“.

По првата дирекна средба во февруари годинава во Брисел, Јахјага и Николиќ досега се сретнаа во неколку наврати на разни регионални или меѓународни самити и форуми, но доколку српскиот претседател допатува во Косово, тоа би била прва нивна средба на територија на една од двете држави.

Осврнувајќи се на Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина, постигнат со псредство на ЕУ, Влахиу нагласи дека тој ќе има смисол само доколку биде прецизно спроведен, додавајќи дека Косово досега покажало подготвеност и волја за негова импементација.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски