Јагланд: СЕ ќе поддржи дијалог меѓу Ерменија и Турција

Од:

Генералниот секретар на Советот за Европа Турборн Јагланд денеска изјави дека ќе го поддржи дијалогот меѓу Ерменија и Турција.

Јагланд зборувајќи на општествено-политичкиот форум „Против злосторствата на геноцидот“ посветен на 100-годишнината од ерменскиот геноцид во 1915 година во Османлиската империја.

– СЕ е подготвен да го поддржи дијалогот меѓу Ерменија и Турција во сите можни формати, посочи Јагланд додавајќи оти наскоро Ерменија ќе изнајде начин за помирување со соседите, пред се преку иницијативи на цивилното општество чија цел е обновување на врските меѓу Ерменците и Турците.

До почетокот на Првата светска војна во Османлиската империја имало 2,5 милиони Ерменци. Во маскарот и депортациите во 1915 година се претпоставува дека загинале од 600.000 до 1,5 милиони Ерменци. Турската Влада го признава масакрот, но е против користење на терминот геноцид, а исто така спори и за бројот на жртвите.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ