„Ја избрка од станот, ја тепаше со патерици“, сведочи пријател на Ноа Миловајев за кобната врска со нејзиниот убиец

Од:

Ноа Миливојев (18), по која се трагаше 20 дена, е пронајдена мртва во четвртокот попладне во стан во центарот на Белград. Нејзините пријатели синоќа се простија од брутално убиената другарка на плоштадот Република.

Меѓу оние кои дојдоа да и оддадат почит беше и нејзин близок пријател кој дури некое време живееше со неа. Тој во интервју за „Блиц“ откри детали од кобната врска на неговата пријателка.

– Тие беа заедно околу една година, но постојано имаше насилство. Ја избрка од станот, ја тепаше со патерици… Тој тип има психички проблеми – изјавил пријателот за „Блиц“.

Тој рече дека родителите на Ноа Миливојев знаеле за врската и не ја поддржувале.

– Го покажала своето момче на родителите, но бидејќи е многу постар од неа, тие воопшто не го сакаа – додал пријателот на Ное Миливојев.

Соговорникот рече дека Ноа Миливојев и нејзиното момче, за кое сега се сомничи дека ја убил и распарчил, често се расправале, но и дека таа имала многу свои проблеми кои поради него ги запоставила.

-Постојано се расправаа, но таа го трпеше и ги остави проблемите на страна. Ноа беше прекрасна девојка – изјави синоќа пријателот на Ноа Миливојев.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он