Сообраќајка со автомобил во која бил копретседателот на ПП Кирил Петков, се случила денеска во 17:30 часот на влезот во Аксаково. Ова го објави партијата на својата Фејсбук страница.
Ударот бил предизвикан од автомобил кој ненадејно излетал, не застанал на знак „Стоп“, велат за bTV од регионалната управа на полицијата. Неофицијално има еден загинат.
Во автомобилот се возеле маж и жена на возраст над 60 години. Полицијата веднаш пристигнала. Кирил Петков не е повреден, информираат за bTV од партискиот прес-центар. Во незгодата биле повредени двајца сопатници од другиот автомобил кои се примени во болницата „Света Ана“ во Варна.