Изгореа два камиони на барикада во северно Косово

Од:

Неколку косовски медиуми утрово објавија дека два камиони кои ја сочинуваа барикадата во месноста Дудин Крш во северниот дел на Митровица, изгореле во текот на минатата ноќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што јавуаат известувачите од местото на настанот, пожарот е изгаснат, меѓутоа предизвикана е значителна материјална штета.

Причините за пожарот сé уште не се познати, а од полицијата во регионот Север велат дека случајот кај нив не е пријавен.

На лице место се наоѓаат повеќе медиумски тимови, но не и полицијата, додека два џипа на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, накратко го посетиле местото.

Камионите беа поставени на споменатото место на 27 декември и се последната блокада што косовските Срби ја подигнаа во северниот дел на Косово, на патиштата кои водат кон границата со Србија.

Палењето се случи токму на денот кога се очекува да се отстранат барикадите од четирите општини во северно Косово населени со мнозинско српско население, Северна Митровица, Звечане, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Веста за отстранувањето на барикадите е објавена по синоќешната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ со претставници на косовските Срби.

Отстранувањето на барикадите беше условено со ослободувањето на поранешниот припадник на полицијата на Косово, Дејан Пантиќ, кој беше уапсен под сомнение дека организирал напади врз општинските изборни комисии и полициски патроли во северно Косово.

Пантиќ е ослободен вчера, откако 30-дневниот притвор му се замени со домашен притвор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово

(ВИДЕО) Петковиќ покажа слика од убиениот Србин: Егзекуцијата е извршена лице в лице

Катерина Ѓуровски