Издаден налог за апсење на српскиот актер Бранислав Лечиќ

Од:

Српскиот актер Бранислав Лечиќ, сообраќајната полиција го запрела во феваруари во Белград и при рутинска контрола му биле измерени 0,7 промили алкохол во крвта. Бидејќи Лечиќ не се појавил досега на суд, издаден е налог за негово апсење.

Сообраќајната полиција го исклучила познатиот актер од сообраќај и открила дека е под дејство на алкохол. Полицијата веднаш му забранила да управува со возилото, оценуваjќи дека е „средно пијан”.

Прекршочниот суд во Белград два пати испратил судска покана до актерот, но тој не одговорил на повиците, по што е издаден налог за негово приведување. На Лечиќ неколку пати му бил упатен повик за судење, но тој никогаш не бил на адресата каде што е пријавен дека живее. Поради тоа, судијата бил принуден да поднесе наредба за негово приведување. Полицијата двапати чукнала на вратата на Лечиќ со намера да го приведе. Неколку месеци потоа актерот сам се појавил во судот и ја признал вината.

Пресуда за Лечиќ ќе биде донесена следната година, а поради околностите се очекува дека актерот ќе остане без дозвола за возење од најмалку неколку месеци и дека ќе мора да плати и парична казна. Сепак, ова не е првпат дека Бранислав да направи сообраќаен прекршок. Во 2017 година Лечиќ бил запрен поради пребрзо возење надвор од населеното место.

Актерот вели дека вакво нешто може на секого да му се случи и објаснува зошто не одговарал на повиците од судот.

,,Земам секогаш такси кога сум ,,развеселен”. Бев на суд и направив се што требаше. Ги менував адресите поради преселба и затоа не можев да ги добијат судските покани”, вели Лечиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија