Италијанскиот претседател денеска ќе допатува во дводневна посета на Албанија

Од:

По покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, денеска во дводневна официјална посета на таа земја ќе допатува претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Како што информираа од кабинетот на Бегај, тој со сите државнчки почести, гостинот ќе го пречека во Тирана пред Палатата на бригадите.

За време на посетата, претседателот Матарела ќе оствари средби и со високи претставници на албанската држава.

Матарела е прв шеф на држава кој доаѓа во посета на Албанија по преземањето на функцијата претседател од страна на Бегај, на 24 минатиот месец. Тој пак Косово го избра за прва дестинацијата како шеф на албанската држава.

По Тирана, в четврток тој ќе отпатува за Скопје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага