Италијанци продавале лажно злато во Тирана и Подгорица

Од:

Двајца италијански државјани се уапсени во албанскиот град Елбасан поради продажба на лажно злато во Албанија и во Црна Гора.

Во акцијата „Fake Gold“ (лажно злато) уапсени се Фортунато Мадалони(67), жител на Наполи и 76-годишниот Рикарди Џенарио, жител на Милано, се уапсени во обид да продадат уште една количина лажно злато на златар во Елбасан.

– Од истражните дејствија е утврдено дека овие граѓани меѓусебно во периодот јуни-август 2022 година продавале злато (метал) во вид на зрна, во вредност од 200.000 евра, во Тирана и Подгорица. Како материјални докази запленети се 3 килограми лажно злато, 160 грама чисто злато, 4 мобилни телефони, 1.500 евра и 150 швајцарски франци, стои во полициското соопштение.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија