Истрага против полициски началници во Албанија за шверц на дрога

Од:

Албанското Јавно обвинителството за тешки кривични дела синоќа соопшти дека почнува истрага против сите полициски директори на околии и началници на комесаријати, наведени во списокот на осомничени за шверц на дрога од страна на опозициската Демократска партија. 

Како што јави дописникот на МИА, Обвинителството ја донесе оваа одлука по постојаните обвинувања од страна на опозицијата дека токму полициските функционери се поврзани со одгледување и заштита на парцелите со марихуана.

Врв на сите обвинувања беше објавувањето на листата со имињата на сите полициски директори на околиите и на началници на комесаријатите,од страна на координаторот на пратеничката група на демократите Еди Палока.

– Располагаме со нови податоци за шверцот со дрога, испреплетените интереси и начинот како таа се менаџира од страна на луѓето на (премиерот) Еди Рама. Ова се информации кои доаѓаат од партнерските служби и тајната служба на земјава, изјави Палока.

Само неколку часа по јавно искажаните обвинувања со целосен индентитет на полициските функционери и подрачјата со марихуана кои тие ги „надгледуваат“, Обвинителството соопшти дека почнува истрага против сите нив.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек