ИСИС го погуби Томислав Салопек

Од:

Припадниците на исламската терористичка организација тврдат дека го убиле киднапираниот Хрват, Томислав Салопек, јавуваат светските агенции.

Хрватските медиуми ја имаат истата информација, за која наведуваат дека добиле потврда од египетската влада. Експтремистите на Твитер објавија и фотографија на која се гледа неговото тело и одсечената глава.

-Исламска држава му ја отсече главата на хратскиот државјанин, затоа што неговата земја учествува во војната против ИД, пишува во една од пораките на Твитер.

Пред осум дена фракцијата на Исламска држава во Египет, на владата и на француската компанија каде што работеше Салопек им даде ултиматум-или ќе ги исполнат нивните барања или Томислав Салопек ќе биде погубен.

Salopek-620x350

Пораката ја прочита 30 годишниот Томислав Салопек, а потоа терористичката организација на интернет го постави видеото со предупредување дека ќе биде убиен. Салопек беше киднапиран во Египет на 22 јули во областа на Каиро додека со службен автомобил патувал кон работното место во француската компанија.

Неговото возило го запрела вооружена група која го присилила да излезе надвор, а потоа сите исчезнале во непознат правец.

На 5 август исламистите објавија видео на кое Томислав Салопек ја чита пораката упатена кон египетската влада-ослободете ги уапсените муслиманки. Барањето за откуп беше упатено кон француската компанија за која работеше Салопек.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб