Иранска државна ТВ: Смешни се тврдењата за иранската врска со нападот во Бургас

Од:

Иранската државна телевизија ги отфрли денеска обвинувањата дека Техеран бил вмешан во вчерашниот крвав напад врз израелски туристи во Бугарија.

Во коментар, објавен на Интернет страницата на телевизијата, тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на други израелски претставници за вмешаноста на Иран во нападите се означени како „смешни и сензационални“.

Според иранската телевизија израелските обвинувања се обид за дискредитирање на Иран и неговите сојузници како Сирија.

Засега нема официјални изјави од иранските власти по вчерашниот напад во Бургас, во кој загинаа најмалку осум лица.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана