Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

Од:

За време на вонредната состојба поради епидемија на коронавирусот, српските државјани два часа подолго од порано ја следат телевизиската програма, додека кај македонските граѓани значително е зголемувањето на уделот на Интернет како извор на информации, покажа регионалното истражување на белградски Ипсос.

Според Ипсос информациите од телевизиските екрани се доминантни кај сите испитаници од 82 проценти во Србија до дури 91 процент на Косово. На скала помеѓу нив се Албанија (84 проценти), Црна Гора (86) и Северна Македонија (87 проценти).

На дневно ниво во Србија, просечното време на гледање телевизија е зголемено за два часа во однос на претходниот период. Со ТВ-екраните се различни генерации, од различни причини, вклучувајќи повеќе слободно време или поради училишните обврски (учење од далечина).

Во однос на интернетот и печатот, Северна Македонија е во предност со 64 проценти, а Албанија е на последно место со 33 проценти од испитаниците кои добиваат информации од тие извори. Србија (46) и Црна Гора (47 проценти) се речиси изедначени, додека Косово е поблизу до Албанија со 62 проценти.

Читаноста на печатот опаѓа, меѓу другото, заради ограниченото движење на неговите потрошувачи, а тоа се најчесто лица постари од 65 години.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор