Инфлацијата во Албанија во мај 6,7 отсто највисока во последните две декади

Од:

Растот на цените, особено на храната и горивата, во Албанија продолжи и во месец мај условувајќи инфлација од 6,7отсто, што е највисока стапка во последните две декади, пренесува Топ чанел.

– Главните групи кои имале најсилно влијание на инфлацијата во месец мај се храната и транспортот, каде се вклучени и зголемените цени на горивата, по што доаѓаат наемнините за стан и електричната енергија, кои се многу поскапи споредено со истиот месец минатата година, додава истиот извор.

Цената на енергијата за бизнисите на слободниот пазар пораснала за трипати споредено со мај минатата година, 60 отсто за бизнисите со среден напон, но е непроменета за домаќинствата и малите бизниси.

Голем раст е забележан кај цените на горивата а по вчерашната одлука цената на дизел горивото достигна историски рекорд од 258 леки( 2,1 евро).

– Централна банка на Албанија зголеми основната каматна стапка со цел да се справи со инфлацијата, но оваа мерка сеуште не дава знаци на запирање на инфлацијата, додека нивото на новите кредити или парите кои циркулираат постојано растат, додава телевизијата.

Инфлацијата во април достигна стапка од 6,2 отсто, во март беше 5,7, додека во февруари 3,9 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност