Инцидент во Загреб: Непалец се обидел да заштити девојка, па бил нападнат од 20 мажи

Од:

Полицијата во неделата добила дојава дека во центарот на Загреб, во улицата Драшковиќева, дошло до масовна тепачка меѓу неколку непалци.

Пресметката започна пред ресторан и хостел во кој живеат непалски граѓани кои работат во Загреб. На видеото се гледа вербална, но и физичка пресметка – мажи се напаѓаат со тупаници и нозе.

Физичката пресметка настанала поради обвинение за обид за силување од непалска државјанка која пријавила нејзина сонародничка.

– На 9 април, околу 18 часот наа улица Драшковиќева, поради меѓусебен конфликт згриживме неколку граѓани на Непал. Бидејќи лицата одбиле да постапат по наредба на полициските службеници, против нив биле употребени средства за присилба.

Поради сомнение за сторени прекршоци од член 6 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, седум учесници, односно сторители на прекршоци, државјани на Непал со редовно живеалиште во Република Хрватска, се испратени до Општинскиот суд за прекршоци во Загреб.

Недолго по тепачката, 29-годишен државјанин на Непал дошол во службените простории и против 42-годишниот маж поднел кривична пријава за кривично дело обид за силување, што според моментално собраните информации предизвикало конфликт меѓу неколку луѓе. Граѓанинот на Непал, кој е поврзан со кривичното дело, е под надзор на полицијата и следи натамошно спроведување на кривичната истрага, по што ќе биде спроведен кај надзорникот на притвор – соопшти полицијата.

Како што пренесува Danas.hr, девојката го обвинила 42-годишниот маж од хостелот во кој работела дека се обидел да ја силува. Таа тврди дека со години ја малтретира, пред еден месец се обидел да ја силува, а се кулминирало кога на Велигден дошла да бара заостаната плата. Непалецот Арџун Раут вели дека се вклучил за да и помогне.

-Тој човек не и исплатил плата на време. Ја претепал неколку пати. Тој и рекол дека ако пријави во полиција или некому каже дека ќе и направи многу лоши работи, дека ќе биде депортирана од Хрватска во Непал – вели Арјун Раут за Danas.hr.

Тој тврди дека после тоа се свртел кон него, заедно со група други Непалци.

– Ме удираа во градите, по главата. Во исто време ме нападнаа 20-тина луѓе. Сопственикот ги покани. Мислам дека имаа план да ме убијат – рече тој.

Полицијата се уште не се огласила за овој немил настан.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Четворица мажи се истепале во центарот на Скопје

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука