Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Од:

Студенти кои учествуваат во блокадата на Филозофскиот факултет во Нови Сад соопштија дека синоќа биле нападнати, при што неколкумина од нив се повредени, пренесува 021.rs. Нападот, според нивните наводи, се случил околу три часот наутро.

„Една студентка е тешко повредена и моментално се наоѓа на лекување во Клиничкиот центар во Војводина. Има изместена вилица и повреди на телото. Неколку студенти се здобиле со полесни повреди, а лекарите во моментов ја проценуваат нивната состојба“, се вели во соопштението на студентите од Филозофскиот факултет.

Тие додадоа дека четворица мажи, вооружени со безбол палки, нападнале група студенти кои ставале налепници и цртале матрици со порака „Три месеци, три моста“. Оваа порака е поврзана со најавената блокада на три моста во Нови Сад, закажана за сабота на 1 февруари, точно три месеци по уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Од Клиничкиот центар на Војводина за 021.rs потврдија дека дијагностиката за тешко повредената студентка се уште е во тек.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Судот донесе одлука за обвинение за уривање на настрешница во Нови Сад