Инцидент на српско-косовската граница во Копнената зона на безбедност

Од:

Патрола на српската војска кај базата Мрча во Копнената зона на безбедност попладнево забележала група од 12 лица кај местото Улљарски крш.

Регионот е во близина на границата со Косово, лицата биле фатени во нелегална сеча на шумата, кои испукале еден куршум по доагањето на српската патрола.

Веднаш потоа воената патрола возвратила со еден куршум во воздух како предупредување и тргнала кон групата која пуштила куче да ги нападне припадниците на српската војска и испукале уште два куршума од сачмарка.

-Лицата од групата се разбегаа и се повлекоа во правец на Косово. При овој инцидент нема повредени. Дел од силите за интервенција на Војската на Србија се ставени во зголемена степен на подготвеност, додека војската го информирала КФОР за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Косово воведе задолжителен Ковид-19 тест на границата за македонските државјани

Жарко Настоски

Нови 19 случаи со коронавирус вчера во Косово, вкупно 184 заразени

Ана Ололовска

Утре и задутре во прекин сообраќајот од граничниот премин „Хани Елези“ – Качаник

Наум Локоски