Илир Мета во Будимпешта откри биста на Скендербег за која плати Албанија

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета денеска во Будимпешта, на средбата со неговиот унгарски колега Јанош Адер, изразил благодарност за континуираната поддршка што Унгарија и ја дава на Албанија во рамките на интегративните процеси во НАТО и Европската унија.

„Топло и пријателско гостопримство во Будимпешта, од мојот колега Адер. Се заблагодарив за континуираната поддршка што Унгарија и ја дава на Албанија во рамките на интегративните процеси во НАТО и Европската унија, што повеќе нè мотивираше да продолжиме по неповратниот пат на реформите и исполнувањето на сите потребни услови за отворање на преговори за членство“, напиша Мета на Фејсбук.

Додава дека со задоволство потврдил дека одличните, историски и традиционални односи меѓу две земји и народи заслужуваат дополнително да се зајакнат и продлабочат, во сите области од заеднички интерес.

Според Мета, двајцата заеднички оцениле дека можностите за економска соработка се уште се недоволно искористени и дека трговската, економската и туристичката размена се далеку од можностите.

„Му се заблагодарив на претседателот Адер за посебното задоволство да присуствувам на откривањето биста на нашиот национален херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, во Будимпешта, симбол за обновување на блиската соработка меѓу нашите две земји и народи и нивната ветувачка иднина, нагласува Мета.

На церемонијата присутвувала и неговата сопруга Моника Круемади, како и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој на откривањето на бистата, што го направил заедно со неговиот колега, Гергели Караскони, денешниот ден го нарекол одличен ден за односите меѓу Унгарија и Албанија.

Бистата на Скендербег која е подарок од Тирана за Будимпешта е поставена во централниот парк наспроти бистата на унгарскот херој Јанош Хунади.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски