Илир Мета: Нема избори без опозицијата

Од:

Претседателот на албанскиот Парламент и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), Илир Мета денеска изјави дека е невозможно парламентарните избори во Албанија да се одржат без учество на опозицијата.

За разлика од албанскиот премиер Еди Рама, кој изјави дека парламентарните изборите ќе се одржат на 18 јуни, со или без опозицијата, неговиот коалициски партнер Мета порача дека мора да се гарантира плурализмот и оти треба да се постигне заеднички консензус за да се избегнат„катастофални последици“.

– Жал ми е за ова прашање. Сите треба да знаат дека плурализмот во Албанија дојде на 12 декември 1990 година и ние сите треба да работиме за успешни избори, отстапувајќи од категоричните ставови кои може да ни донесат катастрофални последици, непосакувани за Албанија и Албанците, посебно за децата, изјави Мета.

Тој посочи дека секоја политичка сила треба да соработува и да мисли да напредува во подготовката за изборите, а не да ги поткопува.

Албанската опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, која од 18 февруари протестира пред Владата протестира, бара формирање техничка влада која би спроведе слободни и фер избори. Опозицијата најави дека ќе ги бојкотира изборите, ако не биде исполнето ова нивно барање.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски