Илир Мета: Европската иднина е поважна од фудбалот

Од:

Претседателот на албанското собрание, Илир Мета во тек на средбата со американскиот сенатор Кристофер Марфи во Тирана изјави дека за Албанија и Србија е поважно да постигнат заедничка европска иднина, од еден фудбалски натпревар.

Според неговите зборови Тирана е отворена за дијалог и конкретна соработка со Србија, како и со другите држави во регионот.

-Ја поздравуваме посветеноста на Србија во функција на регионална соработка и стабилност, во најдобар интерес за двата народи и нашите граѓани, што може да се постигне единствено преку конструктивен дијалог и дистанцирање од непотребната националистичка реторика, која служи за да не врати во историјата – рече Мета.

Во тек на посетата на Албанија, Марфи се сретна и со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати со кого исто така разговараше за напнатата ситуација, која се создаде по фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Србија во Белград.

Како што пренесуваат албанските медиуми, американскиот сенатор се сретнал и со претседателот на Албанија, Бујар Нишани кој ја пофалил улогата на САД за регионалниот мир и стабилност. Изразувајќи благодарност за учеството на Албанија во операциите на НАТО во Авганиста и Ирак, Марфи рекол дека Албанија без оглед што е мала држава, е еден од најголемите сојузници на САД, пренесе албанска „АТА“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски