„Илинден“ до албанскиот омбудсман: Гораните се Македонци

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, реагираше на изјавата на албанскиот народен правобрнител Игли Тотозани во која Македонците од областа Гора ги именуваше како „горанско малцинство“.

– Народниот правобранител споменува некое горанско малцинство, кое живее во областа Гора. Во ова област не постои никакво горанско малцинство, туку тоа се етнички Македонци, нераскинлив дел од македонското ткиво. Не може од топонимот на областа да се извлекува име за жителите. Тие зборуваат македонски јазик и ги негуваат македонските обичаи и традиции, наследени од дедовци и прадедовци, изјави претседателот на друштвото „Илинден“, Никола Ѓурѓај.

Како што јави дописникот на МИА, Ѓурѓај нагласи дека друштвото понарало народниот правобранител повеќе да не ги нарекува Македонците во областа Гора „горанско малцинство“, бидејќи тоа е без основа и без никакви аргументи.

Областа Гора се простира дел во Албанија и опфаќа теритроија со девет села и дел во Косово со 18 села, сите населени со македонско население.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек