Игор Бавчар заработи седум години затвор поради финансиски злоупотреби

Од:

Судот во Љубљана денеска го осуди поранешниот словенечки министер за внатрешни работи Игор Бавчар на седум години затвор, под обвинение за финансиски злоупотреби.

Бавчар е обвинет за злоупотреба на службената положба и за перење пари при продажбата на акции на компанијата „Истрабенц“. Според Обвинителството, акциите на оваа компанија во текот на еден ден биле повеќекратно препродадени, при што достигнале нераелано висока цена.

Бавчар е еден од водечките личност во словенечката политика и бизнис заедница.

Тој беше министер за внатрешни работи на Словенија за време на неколкудневната војна за независност од поранешна Југославија во 1991 година, а подоцна раководеше и со ресорот за евроинтеграции.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски