Идризи му одговори на Павлопулос: Сенилен старецу, ова е век на Албанците

Од:

Лидерот на партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) на Шпетим Идризи, која е попозната како „партија на Чамите“, реагираше на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос,порачувајќи му дека „ова е век на Албанците“.

-Со многу жалење, воопшто не изненаден, ја следев и денешната непромислена и арогатна изјава на овој сенилен старец, претседателот на Грција, кој во континуитет и се заканува на Албанија со европската интеграција преку прашањето за Чамите. Овој сенилен старец постојано го навредува сеќавањето за илјадници Албанци од Чамарија масакрирани во нивните домови и илјадници други кои биле насилно протерани од бандите на Наполон Зервес. Овој сенилен старец, е најголем претставник на грчките шовинистички кругови и на Златна зора, кои се во грчкиот парламент, но и на оние кои го масакрираа грчките партизани со планината Грамоз,-обвини Идризи.

Посочува дека минатиот век ги погодил Албанците со историските неправди со парчосување на албанските територии во 1913 година и му порачува да биде сигурен дека „ова е век на Албанците“.

-Но,најтежок е молкот на албанските власти, министерот за надворешни работи, премиерот, претседателот на Албанија, кои не му одговараат на овој шовинистички претседател кој и се заканува на Албанија за прашањето на Чамите,а што е нивна обврска која произлегува од Уставот, Резолуцијата на албанскиот Парламент за Чамите, на националниот реципроцитет и достоинство,-изјави Идризи.

Шефот на грчката држава , Павлопулос за време на престојот во Црна Гора изјави дека непочитувањето на грчкото малцинство и тврдењата за постоењето и правата на Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија) се две непремостливи пречки за Албанија во ЕУ. Тој за Чамите рече дека биле „безмилосни нацистички соработници“.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он