Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ изјави дека се идентификувани речиси сите лица кои учествувале во копањето на тунелот до зградата на Вишиот суд во Подгорица, но дека е поважно да се открие кои се сторителите на ова кривично дело.
Според него, нема веродостојни информации дека сите идентификувани лица ја напуштиле Црна Гора, но голем број од идентификуваните ја напуштиле земјата вечерта кога дознале дека е откриен тунелот.
„Тоа е еден од најголемите удари врз институциите на системот. Но, зошто сме изненадени што има вакви работи во Црна Гора кога знаеме дека на чело на судството биле луѓе кои организирале криминални групи, кога знаеме дека во полициската управа имаме некои службеници кои учествувале во криминални активности“, потсети Аџиќ.