ИД ги чува во заложништво децата на убиените Албанци во Сирија

Од:

Терористичката Исламска држава во Сирија ги чува во заложништво сопругите и децата на убиените албански државјани-џихадисти.

-Во потрага по нова татковина каде владеат правилата на шеријатскиот закон, голем број Албанци-џихадисти ги поведоа со себе нивните жени и деца и заминаа во Сирија за да се борат за Ал Каеда и ИД, пишува порталот Албеу.

Според истиот извор, се потврдува дека 13 жени и 31 дете, од кои 23 малолетни, се наоѓаат во Сирија, бидејќи нивните сопрузи и татковци загинале на тамошните боишта, се чуваат во заложништво од страна на џихаистите и не им се дозволува враќање дома.

 Во досиејата од истргата на Обвинитество за тешки кривични дела  во Тирана стои дека семејствата во Сирија заминале во периодот 2012-2014 година.

Жените и децата на џихадистите живеат во кампови, каде децата посетуваат воена обука.

 Во Сирија во текот на последните години од Албанија заминале над 100, претежно млади лица а убиени се најмалку дваесет од нив.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство