И Словенија денеска рекорд: Речиси 9.000 новозаразени за еден ден

Од:

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени повеќе од осум и пол илјади нови инфекции, што е нов рекорд во дневни инфекции од почетокот на епидемијата на Ковид-19, а владата повторно ги промени правилата за карантин.

Од 13.803 тестирани примероци, 8.681 пациент бил позитивен. Процентот на позитивност меѓу тестираните е 63 отсто, пренесува СТА.

Новите правила стапуваат на сила в среда, а се однесуваат на здравствените, образовните и социјалните институции. Одделенијата во иднина ќе бидат ставени во карантин само откако 30 отсто од учениците ќе бидат заразени во рок од 14 дена, додека оние кои биле во ризичен контакт ќе треба да се тестираат за коронавирус секој ден во текот на седум дена.

Вработените во здравството, социјалната заштита и образованието нема да мора да бидат ставени во карантин по ризичен контакт, туку ќе мора да се тестираат седум дена по ред и им се препорачува да користат поефикасни заштитни маски како што е FFP2.

„Ниту едно решение не е идеално и ова е компромис, и да се надеваме дека ова решение ќе функционира“, изјави за словенечките медиуми епидемиологот Матеја Логар, која го предводи владиниот експертски совет за Ковид-19, по претходниот предлог за намалување на карантинот на пет дена.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија