„Хуриет“: „Непристоен предлог“ од ЕУ ја разгневи Турција

Од:

ЕУ упати „непристоен предлог“ кон Анкара, условувајќи го процесот на приближување на Турција кон Унијата со решавањето на бегалската криза, што предизвика гнев кај турските власти, објави весникот „Хуриет“.

Во изјава за весникот, турската министрека за ЕУ, Берил Дедеоглу наведува дека европските претставници за време на разговорите, преговарачкиот процес за членство на Турција во Унијата го поврзале со проблемот со напливот на имигранти.

– На вечерата еден млад човек од Комисијата се обиде извештајот за напредокот (на Турција) да го поврза со бегалскиот проблем. Рече нешто во стилот: „Можеме да ја омекнеме содржината на извештајот, ако го решиме прашањето со бегалците“, изјави Дедеоглу.
Таа вели дека бурно реагирала на ваквиот непристоен предлог.

– Реков нешто како: „Објавете го, кој се плаши? Ние сме тоа што сме“. На тоа комесарот ми рече: „Претпоставувам дека сте биле строг професор“, истакна Дедеоглу во изјавата.
Осврнувајќи се на извештајот на Европската комисија за напредокот на Турција, Дедеоглу изјави дека некои делови од докуменетот се така срочени за „на човек едноставно да му падне жал“ кога ги чита.

– Не е тешко да се види мотивот зад некои (од заклучоците), кои се многу преувеличени. Во крајна линија впрочем ние како граѓани сакаме да живееме во подобра држава, оценува турската министерка.

Во извештајот на ЕУ беа изнесени критики на сметка на Турција за ограничување на медиумските слободи и за сериони пропусти во гарантирањето на независноста на судскиот систем.

Според Дедеоглу, Турција би требало да спроведе рефоми, кои би придонеле за намалување на ваквите критики.

– Сметам дека критиките во извештајот за напредокот говорат за значителен напредок во врска со иднината на Турција во позиитвна смисла, истакна Дадеоглу во изјавата.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во експлозија на гас во Измир, повеќе од 60 се повредени

(ВИДЕО) Eксплозија во Турција, четири лица загинаа, над 20 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шумски пожари во Турција: Евакуирани гости на два хотели во областа Кушадаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски