Хрватските Срби ќе бараат помош од ЕУ поради непочитување на кириличното писмо

Од:

Најновите демолирања на таблите на кирилично писмо во Вуковар добија димензии на еден вид историско-цивилизациски судир, но и размери на нетрпеливост кон словенската писменост и кон Србите и Србија, изјави претседателот на Српскиот народен совет (СНВ) во Хрватска, Милорад Пуповац.

– Имаме можност поради непочитување на Уставниот закон за правата на националните малцинства да им се обратиме на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент, истакна Пуповац.

Според него, една од несистематските мерки е како институција на српската заедница од дефанзива да се премине во активно дејствување, со што кириличното писмо во Хрватска ќе биде претставено на поинаков начин од оној што во изминатата една година го претставуваат Штабот за одбрана на Вуковар, црквата и политичките партии.

– Во последните година-две кирилицата се стигматизира, а со тоа се обезвреднуваат и соседните држави кои ја употребуваат како писмо, но и целокупното цивилизациско и културно наследство. Освен тоа се врши притисок врз српската заедница и тоа го отежнува остварувањето на другите права – на образование, како и на слободно чувство за етничка и национална припадност, нагласи Пуповац.

Тој очекува Хрватска кон ова прашање да пристапи согласно Договорот за малцински права и согласно европските документи и обврски, кои произлегуваат од хрватско-европскиот пристапен договор.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ се чека поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

Катерина Ѓуровски

Маж од Србија тешко го ранил полицаецот пред израелската Амбасада во Белград

Став на Израел за нападот на полицаец во Белград: Обид за терористички напад

Горан Наумовски

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Чувари и доктор од затвор во Србија се уапсени за смрт на затвореник

Горан Наумовски

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија