Хрватскиот претседател не гледа можност за одложување на изборите

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека не гледа можност за одложување на парламентарните избори поради новото зголемување на бројот на заразени со коронавирус.

Како што јави локалните медиуми, Милановиќ рече дека поддржува олеснување и укинување на ригорозните заштитни мерки.

„Се плашам дека нема враќање и не можеме да се вратиме на претходниот вид затворање, тоа беше реакција на страв, реакција на ново, заканувачко, а сега знаеме колку е опасно и ќе се водиме според тоа дека старите и болните лица мора да се заштитат, а тоа го знаевме и порано,“ рече Милановиќ.

Парламентарните избори во Хрватска се закажани за 5 јули. Изборите требаше да се одржат на крајот на годината, но од страв дека може да се појави нов бран на зараза, беше решено да се излезе на гласање неколку месеци порано. 

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори