Хрватскиот премиер негативен на коронавирус по ризичниот тениски турнир во Задар

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е негативен за коронавирус, покажа  тестот извршен по неговиот краток престој во саботата на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар.

“Иако тој не беше во контакт со заразените тенисери, ниту во близок контакт со другите тенисери, премиерот Андреј Пленковиќ, со оглед дека  извршува одговорна должност, денеска изврши тест за присуство на коронавирус и резултатот е негативен”, пренесе порталот Индекс.хр., повикувајќи се на соопштение на хрватската Влада.

Пленковиќ беше тестиран за коронавирус, откако во саботата беше на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар,  кој беше прекинат откако беше откриено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е позитивен за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби