Хрватска писателка ги спореди Србите со бубачки: Треба да се отстранат со газење, отров и пламенофрлачи

Од:

Членот на Претседателството на Матица Хрватска Славица Стојан ги спореди Србите со „бубачки што не можат да ги истребат“.

Славица Стојан посвети посебно внимание на наводното присвојување на дубровничкото наследство од Србија и истакна дека Дубровник го смета исклучиво за хрватски.

„Министерството за култура и надворешни работи им испраќа протестни ноти. Но, тие не обрнуваат внимание и едноставно не можете да останете имуни на тоа. Неодамна се сетив на еден феномен во природата кој ме полуде. Се работи за бубачки кои во страшна наезда со години упорно се обидуваат да поплават куќи и дворови и внатрешни простори. Ги поплавуваат и улиците“, вели таа во интервју за Индекс.

Писателката ги нарече Србите и „предатори кои демнат од границата и кои треба да се отстранат со газење, отров и пламенофрлачи“.

„Бубачки од кои, кога ќе нападнат, многу е тешко да се ослободите, без разлика каков метод ќе користите, газење со нозе, отрови, пламенфрлач. Кога нешто такво ќе влезе во куќата, мора сериозно да се борите или да ја напуштите куќата. Нема шанси за ја напуштиш твојата куќа.Треба да се бориш со бубачки, никогаш да не дозволиш да ја преплават куќата, да лазат по масата и по постелнината, туку трпеливо и трајно да ги искорениш“, рече Славица Стојан.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Снег паѓа во северозападна Хрватска