Хрватски „Национал“ пред затворање?

Од:

Сопственикот на неделникот „Национал“, Харолд фон Сифрид им соопшти на вработените дека нема пари за печатење на следниот број.

Главниот уредник, Роберт Бајруши не верува дека е се готово. Тој се залага следниот број да биде објавен, како и да се одржи состанок и да се разгледаат понудите за купување на неделникот.

Потенцијални инвеститори од Хрватска понудија една куна за „Национал“ и покривање на долговите, но странскиот сопственик ги одби таквите понуди.

„Национал“ постои 14 години. Последниот месец има раст на продажбата од речиси 10 проценти.

Со 8.000 продадени примероци просечно го прават втор во Хрватска, веднаш зад неделникот „Глобус“.

Поранешен сопственик на „Национал“ беше Иво Пуканиќ, кој беше убиен во октомври 2008-та година.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон