Хрватската влада го осуди нападот на српските ватерполисти во Сплит

Од:

Хрватската влада го осуди нападот на српските ватерполисти во Сплит. Премиерот Андреј Пленковиќ разговарал во врска со инцидентот со министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ и со градоначалникот на Сплит, Андро Крстуловиќ Опар, изјавил портпаролот на хрватската влада, Марко Милиќ, за „Хина“.

„Владата на Република Хрватска најостро го осудува хулиганскиот напад на ватерполистите во Сплит. Претседателот на владата во текот на денот разговараше за околностите на случајот со Божиновиќ и со Крстуловиќ Опар“, рекол Милиќ.

Четворица ватерполисти на белградскиот кулб „Црвена ѕвезда“ вчера беа нападнати од пет лица кои сè уште се во бегство. Едниот од спортистите се здоби со полесни повреди.

„Јутарњи лист“ објави дека нападот бил испланиран, а тоа може да се заклучи врз основа на фотографиите кои им ги испратил читател, кој сакал да остане анонимен, а на кои се гледа еден од напаѓачите како држи палка во раката.

Би можело да ве интересира

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад