Хрватска одби да ја признае Палестина, мнозинството во парламентот беше против

Од:

Хрватскиот парламент денес гласаше за предлогот за признавање на палестинската држава. Од вкупно 121 претставник кои го изразија своето мислење, 44 гласаа за, 4 се воздржаа, а 73 претставници беа против.

Парламентот, исто така, донесе одлука за суспендирање на лиценците за извоз на оружје во Израел и за издавање нови лиценци за пренос преку хрватска територија. 46 претставници гласаа за предлогот, тројца се воздржаа, додека 71 беа против.

Во понеделникот во Њујорк, претседателот Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска треба да ја признае Палестина. Сепак, шефот на дипломатијата, Гордан Грлиќ Радман, еден ден подоцна изјави дека сè уште не е време за тој потег.

„Условите за признавање на палестинската држава сè уште не се исполнети бидејќи е потребно да се запрат конфликтите и да се ослободат сите заложници“, изјави Радман Грлиќ за новинарите на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Во овој момент, како и некои други важни европски земји, сметаме дека моментот на признавање сè уште не е дојден бидејќи конфликтите треба да се сопрат, сите заложници треба да бидат ослободени“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска: Мајка се самоуби, во станот пронајдена убиена нејзината 17-годишна ќерка

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Топ разнесе човек пред многу сведоци во Хрватска

А1он

Четворица мигранти спасени од надојдената река Сава се во болницата во Винковци

Горан Наумовски