Хрватска и Словенија постигнаа договорот за „Љубљанска банка“

Од:

 Првата потпретседателка на хрватска Влада и министерка за надворешни и европски прашања Весна Пусиќ и државниот секретар во кабинетот на словенечкиот премиер Тоне Кајзер денеска во Загреб го парафираа Меморандумот за согласност меѓу двете влади со кои се решава прашањето за „Љубљанска банка“, со што се отвора патот за ратификација на хрватскиот пристапен договор во Словенија.

Документот в понеделник во Мокрица ќе биде потпишан од премиерите на Хрватска и на Словенија, Зоран Милановиќ и Јанез Јанша.

Европската комисија го поздрави договорот меѓу Хрватска и Словенија за решавање на прашањето за „Љубљанска банка“ и при тоа им честита на двете земји.

– Ја поздравуваме веста од Љубљана и од Загреб да изнајдат решение за прашањето на „Љубљанска банка“. Тоа е добар пример како заединичките напори во добрососедските односи донесуваат корист за двете земји и пружаат основа за решавање на отворените прашања. Договорот за решавање на прашањето на „Љубљанска банка“ е кулминација на напорите на двете земји и им честитаме на Хрватска и на Словенија за нивната подготвеност и одлучност тоа прашање да се реши, а се радуваме на формалното усвојување на договорот в понеделник, изјави портпаролот на комесарот за проширување на ЕУ, Петар Стано.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија